25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има 650 луѓе без документи, секој да има пристап до државните услуги

Во земјата идентификувани се 650 лица нерегистрирани во Матичната книга на родените, тие се без документи и со тоа немаат можност за остварување на основните граѓански права, беше констатирано на денешната дебата „Системски решенија за регистрација на лицата без документи“. На нивната идентификација работеа Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење на матичните книги, МВР, ОБСЕ, УНХЦР, невладини организации.

„Систематски го решаваме проблемот со лицата без документи, кој со години беше игнориран од надлежните институции. Во оваа категорија најчесто се лица од најранливите општествени слоеви, на кои им е најпотребен пристап до социјалните услуги“, рече Царовска.

Таа дополни дека ставот на Министерството е дека секој треба да има пристап до социјалните права, здравство, образование и сите државни услуги додека не заврши процедурата за нивен упис во Матичната книга на родените.

Премиерот Зоран Заев истакна дека особено значајна е соработката со ромските граѓански здруженија, како и со ромските информативни центри, со чија помош се направи посебен електронски регистар за овие лица.

„Оваа меѓуинституционална соработка, поврзана со соработката со организациите за поддршка на клучните прашања што се од суштинска важност за припадниците на нашата ромска заедница, се покажа како исклучително потребна и полезна“, нагласи премиерот Заев.

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, нагласи дека проблемот на граѓаните што не поседуваат лични документи е решливо прашање за една држава, но го менува животот на засегнатото лице во позитивна насока и додаде дека институциите и организациите треба да утврдат што е направено и што останува да се направи за системско решавање на проблемот на овие луѓе вклучувајќи во процесот со претставници на ромската заедница како најзасегнати од овој проблем“.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, во своето обраќање истакна дека опциите за системски решенија ќе ѝ помогнат на државата да го реши проблемот со незапишаните лица, со што целосно ќе се прекинат постојните недоследни.

Претставникот на УНХЦР, Дејан Кладарин, во своето обраќање го нагласи придонесот на Владата на РМ за обновените напори во 2018 во насока на идентификација на незапишаните лица и изнаоѓање системски решенија.