29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен 21-годишен струмичанец кој во викендичка во Берово чувал 185 килограми марихуана

Марихуана со тежина од 185 килограми, спакувана во 18 полиетиленски кеси, била пронајдена при полициски претрес во шупа на викендичка во Берово, во текот на вечерните часови на 27 ноември.

Како што информираат од МВР, претресот бил направен во викендичка на местото Суви Лаки, сопственост на 63-годишен струмичанец, која исто така ја користел и неговиот 21-годишен син, врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд во Берово.

Полицијата при претресот пронашла марихуана и во самата викендичка и го уапсила 21-годишниот струмичанец.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што против уапсениот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.