16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Трагедија: Мечка изеде мајка и бебе

Млада мајка и нејзиното десетмесечно бебе загинаа на само неколку метри од нивната колиба, кога биле нападнати од мечка.

Несреќата се случила во областа Јукон во Канада, каде гризли ја нападна 37- годишната Валери Торет и нејзината ќеркичка Адел Решолт.

Жената била учителка на шестто одделение во училиштето во местото Вајтхорс. Заедно со партнерот решила да помине неколку месеци од породилното отсуство во дивината на Канада, во подрачје познато по лов на мечки.

Нејзиниот партнер во понеделникот тргнал да види дали некоја мечка се фатила во стапиците, кога бил нападнат. Имал пушка, па успеал да ја застрела мечката на само 100 тина метри од колибата.

Но, кога пристигнал пред колибата, видел дека мечката ги убила неговата партнерка и ќерка му.

Двојката имала веб сајт на кој се рекламирале како водичи низ природа и консултанти за мапирање, додека Торет се рекламирала како крзнар, која изработува сувенири од мечкино крзно.

Спонзорирано: