4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Арсовски: СДСМ во опозиција ветуваше кули и градови, а сега нема ниту клинец заковано

Додека СДСМ беше во опозиција ветуваше кули и градови, а сега нема ниту клинец заковано, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, и додаде дека најдобар доказ за тоа е срамното ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции.

„Речиси цела година помина, а од капитални инвестиции нема ништо. По цели 10 месеци нивото на реализација е само со историски најниско, само 32%. Мораа да се покриваат со ребаланс на буџет, па да кратат средства од оваа ставка, но и покрај целата вратоломија што се случуваше, тоа ниво е пак срамни 41%“, истакна партискиот портпарол.

Како што рече Арсовски, ова покажува дека власта цела година нема направено ништо капитално за граѓаните, за стопанството и за економијата.

„Цела една година потрошија само на матни зделки, тендери во 4 очи, коруптивни грантови, криминални бизниси за лично богатење на криминалниот картел на власт и многу сомнителни зделки. Со други зборови, наместо со макроекономија, тие се занимаваат со ВИЦЕкономија во која влегуваат плантажите со марихуана на братучедот на Зоран Заев, концесијата за минерални суровини на братот на Заев или, пак, парцелите за згради на семејните фирми и редица други скандали. За жал, од ова граѓаните немаат никаков аир туку единствено имаат за цел трупање на милиони во своите џебови“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој нагласи дека колку побрзо ова престане, толку ќе биде подобро за Република Македонија и граѓаните.