7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Адвокатот на Трамп призна дека лажел во Конгресот

Поранешниот долгогодишен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, призна вина за лажно сведочење во врска со истрагата за улогата на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

Тој призна пред судот дека дал лажен исказ во Конгресот, кој истражува дали кампањата на Трамп била поврзана со официјална Москва со цел да влијае на резултатот на изборите. Коен прецизирал дека приложил лажен исказ за станбените проекти на фирмите на Трамп во Москва.

Коен во август призна вина за финансиски прекршоци во текот на кампањата, како што се избегнување плаќање даноци и банкарски малверзации.

Признавањето вина навестува дека Коен очекува ублажување на казната во замена за продолжување на соработката со истрагата што ја води специјалниот советник Роберт Мулер.

„Ги давав овие неточни искази за да се усогласам со политичките пораки на лицето број 1, како и поради лојалноста кон него“, рекол Коен. Тој претходно го идентификувал лицето број 1 како Трамп.

Спонзорирано: