20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Поранешен шеф на ЦИА со мемоари за 11 септември и Бин Ладен

Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, ги пишува своите мемоари, во кои, меѓу другото се зборува за историски настани како терористичките напади на 11 септември и потрагата по поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Од „Селадон букс“, дел од меѓународната издавачка компанија „Мекмилан паблишерс“, за агенцијата АП потврдиле дека тие имаат договор со Бренан.

Според оваа издавачка куќа, Бренан во книгата ќе пишува за периодот од повеќе од 30 години кои ги минал во владата на САД, како во време на републикански, така и на демократски претседатели, вклучувајќи ги и терористичките напади на 11 септември и потрaгата по Осама бин Ладен.

Мемоарите би требало да бидат објавени во 2020 година, додава АП.

Бренан беше директор на ЦИА во времето на мандатот на претседателот Барак Обама од 2013 до 2017 година.

Оттогаш, тој е познат како отворен критичар на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, кој во август му го прекина пристапот до доверливи информации.