18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полициски сили влегоа во познатата банка – се запленуваат документи и фајлови

Германското обвинителство влезе во главното седиште на „Дојче банк“ во Франкфурт, во рамки на истрагата за перење пари, јавуваат германските медиуми.

Германскиот јавен обвинител тврди дека двајца вработени во банката им помогнале на одделни клиенти да перат пари од криминални активности.

Другите канцеларии на „Дојче банк“ во градот исто така биле претресени во операција која вклучувала околу 170 полицајци и службеници.

Акциите на „Дојче банк“ паднаа за 3 отсто откако се појавија вестите за рацијата. Компанијата потврди дека полицијата извршила рации во неколку локации во Германија и дека целосно соработувала со истрагата.

Документи и електронски фајлови се заплетени од страна на службениците за време на рациите на имотот на банката.

Истрагата започна со откритијата во 2016 година “Панама пејперс”, кога огромна количина на информации протекоа од една од најтајинствени компании во светот, панамска адвокатска фирма наречена „Мосак Фонсека“.