9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Татко до смрт го претепал своето петмесечно бебе

Пет месечно бебе почина во болница во Земун, како резултат на сериозни повреди кои ги здобил од неговиот татко, објави „Блиц”.

Имено според српските медиуми 22-годишниот татко, бебето го претепал до смрт. Петмесечното бебе поминало неколку дена во болницата во Земун и умрело на 23 ноември, а таткото е уапен од полицијата и го признал злосторството.

На аутопсијата било откриено дека бебето имало повеќекратни фрактури на ребрата и бројни крвави дамки на рацете и на главата. Полицијата се сомнева дека бебето било тепано со раце.

Засега иако 22-годишниот маж е уапсен и го признал злосторството не се откриваат информациите зошто тој го сторил тоа.

Спонзорирано: