23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Почина познатиот македонски актер

Познатиот македонски актер Мите Грозданов почина вчера на 75-годишна возраст. Тој најголемиот дел од својата кариера го помина во Драмскиот театар Скопје, каде што работеше од 1967 до 2008 година, до пензионирањето.

Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…

Учествувал на сите порелевантни фестивали низ Македонија: „Војдан Чернодрински“, „Ристо Шишков“ – Струмица…