23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Москва: Ако САД постават ракети во Европа, ние ќе одговориме!

Русија ќе биде подготвена да преземе и одговори на пановите на сАД за распоредување на ракети „Егис ашор МК41“ во Европа, изјавил заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, пренесе Ројтерс.

„Русија тоа распоредување би го видела како кршење на договорот за контрола на нуклеарните сили од среден дострел“ рекол Рјабков.

Тој нагласил дека Москва сака да го сочува договорот, ако САД им се придружат во тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го поништи овој договор склучен во 1987 година меѓу САД и тогашниот Советски сојуз.