23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Драматичен пад на цените на бензините и нафтата во Македонија

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 6,53%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 12.11.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 12.11.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,307 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.11.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,826 ден/кг.