16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во ноќен клуб во Скопје

Македонската полиција информира дека момче од Холандија било нападнато во ноќен клуб во Скопје.

Според информациите на МВР изутринава во 4 часот, С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 2.30 часот на булеварот ,, Климент Охридски“, во ноќен клуб физички бил нападнат од страна на машко лице на возраст околу 25 години.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на инцидентот во Скопје.