Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски почина ненадејно синоќа . Веста ја соопшти неговиот син Никола Угриновски на Фејсбук.
Угриновски ќе биде погребан на градските гробишта Бутел утре во 13.30 часот.
Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.