23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕДС до ВМРО ДПМНЕ: Неточни и веќе се демантирани информациите од пресот – нема никаква истрага од грчкото обвинителство

ВМРО ДПМНЕ повторно за веќе демантирана вест одржа прес конференција. ЕДС уште еднаш остро ги демантира и отфрла како невистинити сите наводи дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на компанијата ЕДС, или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.

ЕДС уште еднаш потенцира дека доколку продолжат да се изнесуваат невистинити и неточни информации во врска со компанијата, се преземаат и ќе бидат преземени сите потребни, правни чекори за да се заштити угледот на компанијата ЕДС и да се спречи ширењето на лажните обвинувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара по допрен глас обвинителство и надлежните институции да го истражат случајот кој го покренале грчки медиуми во врска со продажбата на ЕДС.