7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Државата трие раце: Во потрагата по избеганиот криминалец, полицијата заплени имот вреден од 1.5 милијарди евра

Јавното обвинителство на Италија што се бави со сицилијанската мафија и трага по мафијашкиот шеф, Матео Месина Денаро, кој е бегство, денеска објави дека запленило имот во вреденост од една и пол милијарда евра.

Главниот обвинител за борба против мафијата, Џузепе Говернале, верува дека имотот е поврзан со клан од западниот дел на Сицилија на чие чело е Месина Денаро, кој е во бегство од 1993 година.

Медиумите тврдат дека конфискацијата на туристички одморалишта, јахта долга 21 метар и друг имот е една од најголемите во Италија, во рамки на стратегијата за слабеење на криминалните организации на Апенинскиот Полуостров преку одземање на незаконски стекнатото богатство.

Се тврди дека имотот припаѓал на наследниците на Кармело Пати, сопственик на локална туристичка компанија, за која властите тврдат дека е поврзана со мафијашкиот бос.

Агенцијата „Анса“ објави дека адвокатите на наследниците на починатиот Пати поднеле тужба за да им биде вратен конфискуваниот имот.