Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Нема да ми се случи Груевски

Ќе бидам покрај својот народ додека јас сум нивниот избор, а потоа ќе останам да живеам во својата зема, бидејќи немам друга земја, никогаш нема да ја напуштам Србија, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Нема да го видат тука случајот со Груевски или нешто слично“, порача Вучиќ, по повод потегот на Приштина и ставот на Брисел и некои западни центри на моќ, за кои вели дека сакаат да го срушат него и Србија.

Тој во разговор со претставници на Србите од Косово и Метохија рече нема да бега од Србија.

„Нема да избегам ни поради Харадинај, ни поради било кој странец кој сака од Србија да направи ‘банана држава’ која нема да може да носи одлуки самостојно“, подвлече Вучиќ и додаде дека „Интерпол“ успеал да увиди оти Србија е многу поцврста одошто некои мислеле.

Кога станува збор за Приштина, српскиот претседател оцени дека оттаму секојдневно ги носат односите со Србија до точка од која нема враќање назад.

Спонзорирано: