8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ и Хан разговарале телефонски: Србија е изложена на силни провокации

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал телефонски со европскиот комесар, Јоханес Хан, пренесе „Б92“ повикувајќи се на соопштение од српското претседателство.

Вучиќ на Хан му кажал дека Србија е изложена на силни провокации од страна на Приштина, но и покрај тоа се однесува сериозно и одговорно. Српскиот претседател додал дека со провокациите е загрозена безбедноста на Србите на Косово и Метохија, како и мирот и стабилноста во целиот регион.

Двајцата соговорници во рамките на телефонскиот разговор се согласиле дека сега е потребно да се сочуваат мирот и стабилноста.

Спонзорирано: