16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста за Груевски дознава од други земји, додека власта анализира

Веќе втора недела по бегството на Груевски, власта молчи и не поднесува одговорност, обвинува ВМРО-ДПМНЕ и дополнува дека јавноста дознава информации од други држави, додека нашата влада анализира.

Опозициската партија преку соопштение бара од СДСМ да го расветли случајот со Груевски и да понесе одговорност наместо да ја префрла топката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија е единствена држава на европско почва со која владее хунта, која заробеното судство го користи како оружје против своите политички неистомисленици. Притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски е уште еден еклатантен пример за политички прогон, терор, како и одмазда со единствена цел прикривање на неспособноста на криминалната и одродена власт на чело со аболираниот Зоран Заев“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Партијата уште еднаш го повтори ставот дека не се согласува со заминувањето на Никола Груевски и истакна дека тоа не е опција, дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Сепак, одговорноста за бегството на Никола Груевски, додава ВМРО-ДПМНЕ, лежи единствено во власта со која предводат Заев и Спасовски.

Спонзорирано: