17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Советот за пензиска реформа ги поддржа корекциите во пензискиот систем

Советот за реформа во пензискиот систем одржа седница на која ги поддржа предложените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за задолжително капитално пензиско осигурување.

„Како што ветивме, овие интервенции ги правиме без да ја зголемиме старосната граница за пензионирање. Пензиите остануваат сигурни и продолжуваат да се усогласуваат двапати годишно. Предложените корекции во пензискиот систем се поддржани и позитивно оценети и од Светска банка и ММФ“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во рамки на денешниот работен состанок.

Ваквите законски измени се неопходни за да се стабилизира дефицитот на Фондот на ПИОМ, кој е последица од штетни законски решенија и погрешните политики во минатото, велат од Министерството за труд и социјална политика во своето соопштение. Целта на предложените измени, додаваат оттаму, е да се постигне одржливост на пензиите, нивна целосна и навремена исплата за сегашните и идни генерации, како и заштита на членовите во двостолбниот пензиски систем.

Советот заклучи дека е неопходно идната година да се направат дополнителни анализи и во иднина да продолжи подобрувањето на капиталното пензиско осигурување.

Спонзорирано: