17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ПАСТА КАРБОНАРА: Најбрзо се подготувва, а нема таков кој не ја сака!

Тестенините се идеално јадење за лето – лесно се подготвуваат, брзо заситуваат, лесно се варат, а толку се вкусни што и обожаваат и најстраствените љубители на месо.

Паста карбонара е една од тие тестенини – готова е за миг, не ви се потребни состојки со необични имиња, а вкусот е таков што сигурно често ќе ја правите!

Состојки:

1 пакување тестенини по избор;3 јајца;3 чаши полномасна павлака Пекабела;300 гр сувомеснато;оригано;маслиново масло;сол;зачин по избор;пармезан;прстофат магоднос

Начин на подготовка:

Во солена вода згответе ги тестенините и додајте малку маслиново масло, потоа добро исцедете.

Пропржете го сувомеснатото во тава, а во посебен сад измешајте павлака и јајца.

Додајте го прженото месо и посипете го со кесичка оригано. Соединете ги тестенините со сосот, посипете со пармезан и исечкан магдонос.

Добар апетит!