8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Орбан: Унгарија примила многу луѓе но никој не бил поважен од Груевски

Орбан вели дека Унгарија никогаш не примила позначаен човек од Груевски. Унгарискиот премиер вели дека ова е правна битка.

„Без поранешниот македонски премиер, ќе беше многу потешко да ја одбраниме границата на Унгарија од мигрантскиот бран и покрај тоа што изградивме ограда. Тој побара помош и ние му помогнавме. Човекот искрено ги третира своите сојузници. Во 30 годишната историја на демократска Унгарија ова не е прв пат да се примат вака важни луѓе но ниту еден не бил на нивото на господинот Груевски кој беше клучен за контрола на мигрантскиот коридор кон Унгарија.

Човекот беше под константен прогон на организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Уште еднаш ќе потенцирам дека постојат комплицирани правни битки, а азилот е една од нив. Тоа е дел од правото.“ – вели Орбан за унгарското радио Кошут.