10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Граѓанскиот Совет за надзор моќна алатка против нелегалното прислушување

Тој порача дека новиот Закон за следење на комуникациите, кој беше донесен годинава, има неколку новини, меѓутоа тој потенцира дека многу важен аспект била максималната конструктивност и придонесот на опозицијата во носењето на законот. Еден од најважните новитети, според него, е граѓанскиот Совет за надзор, тело кое е надвор од парламентот, но е тесно поврзано со работата на Собранието, преку Комисијата за следење на комуникациите.

,,Сега секој граѓанин кој се сомнева дека му се следи комуникацијата, може да поднесе претставка до Советот, кој заедно со надлежната комисија ќе треба да утврди дали имало прекршок”, рече Џафери.

Со новиот закон се формира и Оперативно техничката агенција ОТА која, според Џафери, ќе придонесе за отстранување на техничките можности УБК да врши следење на комуникациите, бидејќи тоа сега ќе се прави исклучиво со судски налог.

Тој се осврна и на аферата со прислушувањето во 2015 година која, како што вели тој, потврди дека без ефикасен парламентарен надзор врз безбедносните и разузнавачките системи, тие прераснуваат во значајна алатка на авторитарно владеење на тесна група луѓе, а во исто време и за задоволување на нивните лукративни интереси.

,,За прислушувањето сега надлежноста е во рацете на судската власт и убеден сум дека самостојно и суверено судовите ќе пресудат за секој кој се огрешил пред законот и ги злоупотребил системите. Сепак тоа е справување со последиците, а не со причината и затоа нашите меѓународни пријатели јасно препорачаа дека се потребни коренити реформи. И тоа почнувајќи од внатрешната контрола, извршната власт и посебно во препораките беа наведена парламентарната контрола како и независните експертски тела, надвор од Собранието”, рече тој.

Собранието сега има три комисии кои се занимаваат со оваа проблематика – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и Комисијата зад надзор на примената на ПИ мерките од страна на МВР, финасиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Спонзорирано: