6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Деветгодишно дете од Франција претепано до смрт бидејќи не сакало да ја напише домашната задача

Деветгодишно дете од Франција починало откако било претепанo од членовите на неговото семејство затоа што не сакало да ја напише својата домашна задача за на училиште.

Според француските медиуми, мајката на момчето, неговата 20-годишна сестра и 19-годишниот брат, како и девојката на братот биле уапсени поради брутално претепување на детенцето. Според медиумите, иако мајката на детето не била дома кога тоа било претепано, таа, сепак, била приведена во полиција на испрашување.

Ужасното злосторство се случило во градот Милуз, а семејството веднаш било уапсено.

Околностите за случајот не се познати до крај, но инспекторите веруваат дека момчето било претепано затоа што одбило да напише домашна работа.

„Брза помош беше повикана од братот и сестрата, кои рекоа дека детето не се чувствува добро, но медицинските тимови не можеа да го спасат. Аутопсијата покажа дека детето починало веројатно поради брутално тепање“, соопшти француската полиција.

Спонзорирано: