11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам, кривични пријави за говор на омраза само за Македонци, а не и за Албанци

Од Единствена Македонија преку соопштение велат дека поминале два дена од, како што наведуваат во соопштението, „скандалозниот говор на омраза на Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети, кои во друштво на албанскиот претседател Илир Мета среде Скопје ‘летаа орли’“, а од МВР, велат од партијата, има целосен молк.

„Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за наводен говор на омраза, меѓу кои и три кривични пријави од МВР против претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев. За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ“, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека во Македонија се гони говор на омраза од Македонци, а не и од Албанци.

„Со ова, МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија. Оваа катастрофа што ја предизвикува марионетската власт во Скопје, законите да важат за сите, но не и за Албанците, мора да престане. Одговорност мора да има“, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Спонзорирано: