20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирак не ги почитува американските санкции за Иран

„Џерусалем пост” тврди дека ирачката влада одбива да се придржува кон втората рунда економски санкции на САД насочени кон клучните сектори на Иран како енергетиката, транспортот и банкарството.

„Одлуката не е меѓународна, ирачка ниту е дел од резолуција на Обединетите Нации – таа е американска”, рече ирачкиот премиер Адел Абдул Махди во врска со позицијата на Багдад да не ги почитува финансиските казни.

Тој додаде дека Ирак не прифаќа диктат и не е обврзан да постапува во согласност со американската надворешна политика или со каква било агресија против друга земја.

Најавата доаѓа откако ирачкиот претседател Бархам Салих викендот го посети Техеран, каде што разговараше со својот колега Хасан Рохани за начините за унапредување на билатералните врски како и за потенцијалното воспоставување зони на слободна трговија на заедничката граница.

Спонзорирано: