10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕП одобри 2.3 милиони евра помош за новинарите во Грција

Европскиот Парламент одобри финансиска помош за работниците од новинарскиот сектор кои беа прогласени за технолошки вишок во Грција.

Парламентот во соопштение посочи дека „550 новинари отпуштени од три издаваштва ќе добијат помош од ЕУ во вредност од 2 308 500 евра додека најдат нова работа“.

„Оваа помош ќе биде искористена за финансирање на низа мерки кофинансирани од Европскиот фонд за глобализација. Мерките ќе им помогнат на овие 550 новинари да си најдат нова работа со тоа што ќе им обезбедат менторство, дообука или професионален тренинг, советување за претприемништво и стартапи. Овие мерки се предвидени за сите работници прогласени за технолошки вишок“, се вели во соопштението.

Средствата се одобрени од Комисијата за буџет со 28 гласа „за“ и три против“.

За да стапи во сила, мерката мора да биде одобрена со пленарно гласање во парламентот на 29 ноември, како и од Европскиот Совет.

„Во периодот од 2011 до 2017, продажбата на дневните и периодичните весници во Грција опадна. Продажбата на дневните весници опадна од 144 милиони примероци во 2011 на 57 милиони во 2017 година, а продажбата на списанија опадна од 60 милиони на 23 милиони примероци“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: