14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Костадинов: Проблемот со „Југохром“ е решен, залудни се обвинувањата на Мицкоски

Со обвинувањата дека се одложува отворањето и рестартирањето на „Југохром“ со нови пумпи за прочистување на воздухот, Мицкоски потврдува дека останува единствениот бранител на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и неговите криминални политики, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека претходната Влада со години ги лажела граѓаните од полошкиот регион дека ќе го реши проблемот со „Југохром“, но тоа никогаш не го направила.

„За разлика од нив, оваа нова Влада предводена од СДСМ се заложува и се заложи да го реши проблемот со ‘Југохром’. Со задоволство можам да констатирам дека проблемот со ‘Југохром’ е решен и со тоа го решаваме и проблемот на работниците, со тоа допринесуваме и за целокупната економија во државата и секако за зачувување на животната средина“, посочи Костадинов.

Како што нагласи тој, рестартирањето на „Југохром“ ќе значи обезбедување на стабилен доход за многу семејства во Јегуновце и во целиот регион.