24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Вашингтон тврди дека Кина ги интензивира напорите за добивање на американските технологии

Кина од март ги интензивираше напорите за добивање американски технологии и интелектуална сопственост преку кибер-активности, се вели во извештајот на Канцеларијата на американскиот претставник за трговија, пренесува „Спутник“.

„Кинеската кибер-кражба од САД е зголемена во фреквенција и софистицираност од објавувањето на наодите на USTR во март 2018 година … информациите добиени од тековното следење на APT10 [кинеската шпионска група] од страна на американското Министерство за домашна безбедност (DHS), исто така, се укажуваат на зголемување на зачестеноста на кинеската кибер-кражба”, се вели во извештајот.

Претходно истиот ден, американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтизер, објави дека поднел нов извештај според кој Кина не ги сменила своите нефер трговски практики поврзани со трансфер на технологии, интелектуална сопственост и иновации од претходниот извештај од март за кибер-активностите на Пекинг.

Канцеларијата на американскиот претставник за трговија цитираше бројни наоди на фирмата за кибер-безбедност во врска со наводниот нападод Пекинг, додавајќи дека речиси 70 отсто од професионалците сметаат дека Кина е извор на видливи кибер -напади повеќе од било која друга земја.

Наводите се во согласност со други наодиизнесени од Вашингтон. Во август 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп му наложи на претставникот за трговија според Членот 301 од Законот за трговија од 1974 година да ги испита законите, политиките, практиките или активностите на Кина кои можат да бидат дискриминаторски и штетни за американската интелектуална сопственост, иновација или технолошки развој.

Реагирајќи на бројните обвинувања, Пекинг во неколку наврати ги побиваше, нагласувајќи дека Кина никогаш не била закана за САД или за Европа.