20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Шери пилешко

Необична комбинација на пилешко месо со вишни…

Состојки:

600 гр пилешко бело месо
2 лажици маслиново масло
сол
200 гр вишни
250 мл сок од вишни
цимет
15 гр шеќер
150 гр брашно
2 јајца
рузмарин
Начин на подготовка:

Пилешкото филе исчукајте го, посолете го, побиберете го и испечете го на загреано маслиново масло.

Во друг сад ставете вишни и сок од вишни, загрејте и додајте цимет и шеќер. Густинот разматете го во вода и згуснете го сосот од вишни.

Разматете јајца, додајте постепено брашно, рузмарин и мешајте додека масата не биде компактна (ако е потребно поради густината додајте малку млеко).

Со супена лажица вадете кнедли и гответе ги во врела вода. Сервирајте ги кнедлите и пилешкото на чинија, па прелијте со сос од вишни.

Совет: Важно е да не претерате со додавањето цимет како би дошла до израз аромата на овошјето.

Добар апетит!