24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се одмотува клопчето за тоа кој го донел Груевски во Унгарија – после оваа информација многу работи ќе се променаат

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три граници за да стигне до Унгарија, при што сите три преминувања биле целосно легални.

„Тој ги предал своите патни документи и тие биле испитани од властите“, истакна Сијарто.

Унгарскиот министер негираше дека унгарските дипломати кои биле во придружба на Груевски учествувале во каква било трговија со луѓе.

Според изјавата на Сијарто, дипломатите првично го сретнале Груевски во унгарската амбасадата во Тирана, каде што биле запознаени со неговото барање за азил.

Министерот наведе дека не е запознаен со шпекулациите дека во целата ситуација има некаков позaдински договор и додаде дека Унгарија е во постојан дијалог со Македонија за случајот.

После ова се очекува реакција на Европската Унија, САД и Македонија, земји и сојузи што не се среќни за ваквиот исход.