17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Албанец кој вооружен илегално престојувал во Македонија

Триесетгодишен државјанин на Албанија се сомничи за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, информираат од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Како што појаснуваат оттаму, полицијата извршила претрес на местото каде што престојувал осомничениот, кој илегално бил на територијата на Република Македонија. Притоа пронајдени биле автоматска пушка „калашников“ и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражува, а за кои постојат сомнежи дека потекнуваат од други извршени кривични дела.

Од Обвинителството велат дека постапката продолжува во насока на утврдување евентуално учество на 30-годишниот Албанец и во други кривични настани.

Во меѓувреме, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со решение го прифатил предлогот и на 30-годишникот му определил притвор во времетраење од 30 дена.

Спонзорирано: