16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Албански државјанин приведен поради кражба на продавница во Прилеп

На албански државјанин определена му е мерка притвор, во траење од осум дена поради кражба на продавница во Прилеп.

Од Обвинителството велат дека ноќта на 20. ноември, осомничениот со употреба на сила ја искршил заштитна решетка од продавницата лоцирана на улицата „Архиепископ Доситеј“. Потоа тој го искршил стаклото од влезно-излезната врата со соодветен алат и влегол во продавницата, при што бил затекнат од страна на полициските службеници.

Надлежниот јавен обвинител проценил дека идентитет на осомничениот во моментов не може да се утврди поради тоа што лицето не поседува никаков идентификационен документ и го нема регулирано престојот со негово пријавување пред надлежен орган, а нема ни постојано место на престојување во земјава. По влегување на територијата на Македонија пред околу 3 месеци, осомничениот престојувал во различни градови и објекти.

Поради постоење особени околности што укажуваат на опасност од бегство, од страна на Основното јавно обвинителство Прилеп до судот бил поднесен предлогот за определување на мерката притвор.

Спонзорирано: