20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за гостиварец кој бесправно сечел дрва од државна и приватна парцела

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишник од гостиварското село Долна Бањица поради сомнение за сторени две кривични дела пустошење шума и две кривични дела кражба.

Како што информираат од МВР, во период од 2016 до март 2018 година, пријавениот на подрачјето на Гостивар извршил бесправна сеча на дабови дрва од парцела во сопственост на државата, со што за ЈП „Македонски шуми“ предизвикал материјална штета од 29.400 денари.

Четириесет и тригодишникот бесправна сеча извршил и на парцела во приватна сопственост на жител од Гостивар, при што предизвикал материјална штета од 364.095 денари.

Со тоа пријавениот извршил бесправна сеча на 31,62 квадратен метар дабови дрва и предизвикал вкупна материјална штета од 393.495 денари (над 6.000 евра).

Спонзорирано: