10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Данскиот министер за надворешни работи се сретна со Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во МНР оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Андерс Самуелсен, кој претстојуваше во официјална возвратна посета на Македонија.

На средбата, министерот Димитров го информираше својот колега за преземените активности на Владата во клучните реформски области како правосудството, безбедносниот систем и јавната администрација и отпочнувањето на скрининг процесот со Европската комисија.

Димитров за време на средбата потенцираше дека ЕУ и НАТО интеграцијата на Република Македонија и подобрувањето на добрососедските односи се главни надворешно-политички приоритети на Владата и во тој контекст, истакна дека поддршка од страна на Данска за европска иднина на Македонија е од исклучително значење.

Министерот Самуелсен, пак, го поздрави постигнатиот напредокот на земјава и ја реафирмираше поддршката на Данска за европската и евро-атлантската перспектива на земјата, при што нагласи дека спроведувањето на усвоените реформи е од исклучителна важност за процесот на натамошна интеграција на земјата во ЕУ.

Во рамки на средбата беа разменети мислења и за актуелни меѓународни случувања во ЕУ и глобалната политичка сцена.

Спонзорирано: