18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во тој момент против него не била распишана никаква потерница и дека во Србија било сторено се во согласност со законот и дека Србија не му била никаков јатак.

,,Оние кои велат дека за случајот Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговара дека вистинското прашање е како Груевски ја напуштил Македонија, дали тогаш земјата го гонела или не. Во емисијата ,,Ќирилица” на Хепи ТВ, тој детално објаснува што се случувало со Груевски.

,,На 11.11 во текот на ноќта, некаде меѓу 1 и 2, немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегуа на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пропусница издадена во унгарската амбасада во Тирана.

Потоа влегува во Србија со регуларна лична карта и во придружба на двете лица, по што на 12.11 во 5.11 часот ја напуштил Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придржба на лица со дипломатски документи и со дипломатско возило”, наведува тој. Додава дека во тој момент немало никаква потерница за Груевски.

-,,Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна”, рече Вучиќ и додаде дека
се е направено во рамките на законот, додаде Вуциќ

Прашан кога последен пат се слушнал со Груевски, Вучиќ рече дека тоа било за време на нередите во Собранието кога „Груевски од Виена го молел да апелира за смирување на ситуацијата“, а потоа уште еднаш разговарале во врска со Европската народна партија.

Српскиот претседател додаде дека со македонскиот премиер Зоран Заев има нормална комуникација.

Спонзорирано: