17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

НЕОБИЧЕН РУЧЕК: Говедско со јаболко

Ако сакате да мешате вкусови – слатко, солено, кисело… ова е вистинскиот рецепт за вас!

Состојки:

500 гр говедско месо
4 црвени јаболка
1 банана
1 главица кромид
малку сок од јагоди
вустер сос по вкус
сол по вкус
масло
Начин на подготовка:

Ставете масло во длабока тава. Додајте кромид и малку пропржете го. Потоа додајте банана исечена на кругови и јаболка исечкани на парчиња да се пропржат заедно со кромидот, околу 5 минути.

Во тоа додајте говедско исечкано на коцки и измешајте. После минута динстање додајте малку сок од јагода и вустер сос. Оставете седум минути да крчка.

Кога ќе го сервирате јадењето, додајте малку сол и бибер.

Добар апетит!