9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Португалска кајгана со неверојатни состојки

Чудесна кајгана каква што се уште не сте пробале!

450 гр сув бакалар
1 л млеко
3 лажици маслиново масло
2 лажици тенко исечкан кромид
сол
свежо мелен црн бибер
2 шолји компир исечкан на коцки
12 разматени јајца
1/2 шолја сечкани маслинки
Начин на подготовка:

Потопете го бакалрот два дена претходно во 1/2 л млеко, поклопете и оставете го во фрижидер 24 часа.

Следниот ден излејте го млекото, а рибата добро измијте ја со студена вода. Потопете ја во свежо млеко и оставете ја во фрижидер уште 24 часа.

Излејте го млекото, па повторно измијте ја со вода. Избришете ја па исечкајте ја на мали парчиња. Оставете ја на страна.

Во голема тава загрејте маслиново масло. Додајте кромид, посолете и побиберете. Динстајте 4-6 минути.

Додајте варен компир и бакалар. Продолжете со динстање уште 4 минути.

Додајте зачинети јајца, непрекинато мешајте, па печете уште 4 минути.

Сервирајте и украсете со сечкани маслинки.

Добар апетит!

Спонзорирано: