20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Демонстрантите во Франција го блокираа пристапот до три депоа за гориво

Големи протести против зголемувањето на цените на горивото се одржауваат низ цела Франција од 17 ноември, при што повеќе од 400 лица беа повредени, информира француското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Спутник“.

Демонстрантите во Франција го блокираа пристапот до две депоа за складирање на гориво на „Тотал“, соопшти портпаролот на компанијата. Едно депо за гориво се наоѓа во Верн, во близина на северозападниот град Рен, а другиот во Фос-сур-Мер на југ, а и двете депоа се управувани од „Тотал“.

Третото блокирано депо е во Ла Рошел и е само делумно во сопственост на „Тотал“, истакна портпаролот.

Протестите беа предизвикани од зголемувањето на цените на горивото во Франција. Иако цената на дизелот се зголеми за околу 23 отсто, а цената на бензинот за 15 отсто во 2018 година, уште еден пораст ќе се случи на 1-ви јануари.