20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави Би-би-си. Во пожарот кој беснее осум дена уништени се илјадници домови.

Сепак, објави Би-би-си, наглото зголемување на бројот на исечзнати – од 631 до 1,011 за 24 часа – можеби не е точно. Шерифот Кори Хонеа рече дека во листата на исчезнати можно е исти лица да се заведени и пријавено дупло.

„Сакам да разберете дека ова е динамична листа. Информациите што ги добивам се првични податоци и веруваме дека постои можност листата да содржи дупликати имиња“, рече тој.

Властите, исто така, предупредија дека некои од лицата на листата можеби се во ред, но нивните блиски се обидуваат да ги најдат или не можат да ги контактираат. Меѓутоа, исто така, меѓу загинатите може да има и луѓе кои досега никој не ги пријавил дека се исчезнати.

Пожарот, кој е најсмртоносен во историјата на Калифорнија – уништи 142.000 хектари земјиште, вклучувајќи го и најголемиот дел од градот Парадајс, во кој живеат 27.000 луѓе. Вкупно 47.000 лица се евакуирани.

Претседателот Доналд Трамп најави дека денеска ќе отпатува во Калифорнија.

Засега не се знае причината за пожарите, а истрагата продолжува. Неколку луѓе веќе поднесоа тужба против локалната енергетска компанија, наведувајќи дека пожарот започнал од далековод.

Ниската влажност, топлите ветрови и сувото тло по еден месец без дожд се причините за брзото ширење на пожарот.