17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТКУЛТУРАИЗБОР

Книгата на Мишел Обама за еден ден продадена во 725 000 примероци

Книгата на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, со наслов „Becoming“ во првиот ден откако е пуштена во продажба е продадена во 750 000 примероци, што е еден од годинешните книжевни рекорди во САД.

Оваа бројка ја вклучува и претпродажбата на мемоарите во САД и во Канада. Издавачот одлучи да го зголеми тиражот од 1,8 на 2,6 милиони примероци.

Оваа година, поголема продажба на првиот ден со 900 000 примероци е книгата на Боб Вудвард „Fear: Trump in the White House“.

Книгата на Обама е поделена во три дела „Becoming Me“, „Becoming Us“ и „Becoming More“, а во неа пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.