11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја имаат главната одговорност за бегството на Груевски

Одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводат Заев и Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ, во кое владејачката партија побара Мицкоски јавно да проговори за разговорот на средбата со Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ, партијата, за која како што велат, во раце ја има државната безбедност, сака лажно да прикаже оти не знае за движењето на Никола Груевски.

„И аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон Оливер Спасовски точно знаеја дека Никола Груевски не е во својот дом, а уште помалку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Точно знаеја каде е Никола Груевски но одлучија да вршат претреси, притисоци и закани врз членови на ВМРО-ДПМНЕ во обид да си ја ‘ишнат’ мувата од капите“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека одговорност и оставки мора да има.

Како што велат од опозициската партија, Заев и Спасовски немаат ни капацитет, ни кредибилитет веќе да извршуваат функции.

„Кога во мистериозни околности избега убиецот на младиот фудбалер Јанушев, одговорност немаше. Избега и еден од убијците на младиот Саздо, повторно немаше одговорност. Избегаа и убијците од ‘Рузвелтова’ и како по правило немаше одговорност“, стои во соопштението.

На крајот од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека не се согласуваат со самото заминување на Груевски, зошто како што велат, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Спонзорирано: