23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј под силен притисок, не може да најде министер за брегзит

Британската премиерка Тереза Меј продолжува да го промовира договорот за брегзит, додека министерот во владиниот кабинет, Мајкл Гоув, како што пренесуваат британските медиуми, размислува да даде оставка. Toj ја одбил понудата на премиерката Меј да биде министер за брегзит, бидејќи таа нема да му дозволила да преговара за договорот. Според информациите, Гоув рекол дека ќе прифати, само доколку му биде дозволено да направи промени во договорот, нешто кое премиерката Меј, но и лидерите на ЕУ јасно наглсија дека е невозможно.

Како што се наведува, Гоув на состанокот во средата се сметал за клучен за добивање поддршка за договорот на Меј, кога голем број министри изразиле сомневања.
Претходно оставка даде и Доминик Раб, поради, како што ги нарече, фатални пропусти во договорот, а следеше и серија оставки на други министри.

Сепак, премиерката Меј порача дека верува оти овој договор е најдобриот договор за Британија.

Британската влада во средата го доби долгоочекуваниот нацрт-договор напишан на повеќе од 585 страници, за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

Спонзорирано: