17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се враќале од екскурзија во Македонија: Автобус со средношколци попладнево излетал од патот

Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус, што превезувал средношколци, излетал од патот во близина на преминот Ќафасан, на албанско-македонската граница. Несреќата се случила нешто по 17 часот, кога автобусот во кој имало 50 ученици, излетал од патот и удрил во заштитната ограда, пренесе Курир.

На повредените ученици им е укажана медицинска помош во болницата во Прењас, каде биле пренесени со возила на случајни минувачи, бидејќи на местото на несреќата пристигнало само едно возило на брзата помош.

(kurir.mk)

Спонзорирано: