12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пешевски јавно му порача на Груевски: “Врати се за доброто на сите”

Владимир Пешевски денеска му порача јавно на Груевски да се врати во Македонија за доброто на сите.

Тој на ТВ21 му упати порака на поранешниот македонски премиер кој избега во Унгарија да размисли и да се врати за да се смират тензиите.

– „Еве овде од емисијата, доколку ја гледа Груевски, би му упатил апел, сепак да размисли повторно и доколку е можно да се врати во државата. Затоа што мислам дека тоа ќе ги намали тензиите. Иако, претпоставувам дека се чуствува лично обесправен, мислам дека ако е овде ќе има најголеми шанси да си ја докаже својата вистина и нема да ги става другите луѓе во позиција како што е сега и ќе помогне државата да оди напред. Во сегашна ситуација е природно СЈО да се чуствува дека е оштетено па да презема, можеби неоправдано, за поедини случаи сум сигурен, драконски мерки“, вели Владимир Пешевски во дебатниот магазин Click Plus.

Спонзорирано: