8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Зошто Мицкоски бил во Белград и Будимпешта пред бегството на Груевски?

ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство, Мицкоски да одговори за средбата со Груевски и посетите на Белград и Будимпешта, порача Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство. Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните: Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски? Со кого се среќавал и што правел? Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски? Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?“, прашуваат социјалдемократите.

Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, велат од СДСМ, ги засилуваат сомнежите за тоа дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поврзани со бегство на Груевски.

Од СДСМ додаваат дека преку отворените истраги за бегството на Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.