17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Пак ќе се служи воениот рок

Армијата на Црна Гора, најмладиот член на НАТО, немаше класични регрути од 2006 година, воениот рок е укинат, а концептот на одбраната се заснова на професионални формaции во согласност со потребите и економските можности на земјата, но тоа ќе се промени во 2019 година.

Две групи од 50 млади мажи и жени ќе служат доброволен воен рок.

Тримесечната обука ќе биде речиси идентична со онаа што сега ја посетуваат идните професионални војници.

По отслужувањето на воениот рок, тие ќе стапат во стратегиски распоредена резерва и ќе бидат на располагање на државата во сите вонредни услови.

Исто така, ќе има приоритет при вработувањето во Армијата на Црна Гора.