17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина

Албанскиот претседател Илир Мета во емисијата „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, ја кометираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија. Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна.

,,Тоа е прашање со кое одговорните авторитети во земјава треба да се позанимаваат. Не сакам да се мешам во ова прашање, но сметам дека неговото заминување од Македонија е знак на слабост. Избегнувањето на правдата е неприфатливо и на некој начин е признавање на вината”, рече Мета.