3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата: Загадувањето на воздухот – стратешки приоритет за в година

Намалувањето на загадувањето на воздухот од в година ќе биде стратешки приоритет на Владата.

„На седницата што се одржа вчера беше разгледан и усвоен предлог за план и мерки за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето со одлука за измени и дополнување на одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за в година“, соопштија од Владата.

За остварување на мерките од оваа програма, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи програмата за намалување на аерозагадувањето во предлогот за буџетот на Република Македонија за 2019 година.

Спонзорирано: