11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои предлог-буџетот за 2019 година

Владата на вчерашната седница го усвои предлог-буџетот за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Вкупните приходи и расходи во предлог-буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 отсто од БДП.

„Планираниот дефицит е во согласност со фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси“, соопштија од Владата.

Спонзорирано: