10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германец на суд зашто со години на колегите им ставал отров во оброците

Во западниот германски град Билефелд почна судењето на 57-годишниот Германец кој е обвинет за обид за убиство бидејќи неколку години по ред на своите колеги им ставал отров во оброците.

Мажот, чие име не е објавено поради германските правила за приватност, е обвинет дека ручекот на колегите го контаминирал со супстанции, како оловоацетат и жива, во периодот од 2015 до 2018 година, објави агенцијата АП повикувајќи се на германските медиуми.

Тој е обвинет за предизвикување телесни повреди, а бил уапсен во мај кога преку снимка од надзорните камери било утврдено дека ставал сомнителна прашеста материја во сендвичите на колегите.

Обвинителите велат дека Германецот бил мотивиран од нагонот да ги гледа колегите како физички пропраѓаат. Една од неговите жртви е во кома со оштетување на мозокот, а друг има тешко оштетување на бубрезите.